ДОБРЕДОЈДОВТЕ
Денес, можеме да идентификуваме галаксии светлосни години далеку од нас, можеме да студираме честички помали од еден атом…. но сеуште не можеме да ги откиеме тајните на мозокот…
Човечкиот мозок, составен од 100 милијарди неврони, од кои секој се поврзува со илјадници други неврони, е најсложенa биолошка структура на Земјата.
Со помош на технолошките достигнувања денес, научниците направија големнапредок во разбирањето на молекуларната, клеточната и невронската активноство мозокот.
Но, односот меѓу овие активности и нашето однесување е се уште ЕНИГМА…
ЗА ФОНДАЦИЈАТА
Фондација за истражување и развој на третмани за мулти-сензорна интеграција ЦМСИ ЕНИГМА МАКЕДОНИЈА – Скопје (понатаму во текстот Фондацијата) е непрофитна, независна и самостојна организација која своите цели, задачи и дејности ги остварува во согласност со Статутот, со Кодексот на однесување, Протоколот на работење, Програмата на Фондацијата како и со Уставот на Р.С. Македонија и други законски норми кои ја регулираат материјата од оваа област.
* * *
Фондацијата обединува стручни лица, професионалци и експерти кои работат со деца и лица со невроразвојни, невролошки и невропатски нарушувања и состојби
* * *
*Извадоци од СТАТУТ
